вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Како да препознаете жена на која и треба секс?

Како да препознаете жена на која и треба секс?

Кога жената постојано е нервозна, обично се шали дека и фали “витамин К”, односно секс. Меѓутоа, постојат низа факти кои можат јасно да ви дадат до знаење дека апстиненцијата завладеала со нејзиниот живот.

Има многу знаци кои откриваат дека жената просто тежнее за машки допир и дека долго време немала односи. Доколку барем малку се задлабочите во нејзиното однесување, многу лесно можете да откриете дали кризира или е сексуално задоволена.

Физички знаци на апстиненцијата:

Поспаност

Поради недостаток на природен седатив – хормонот окситоцин, кој се лачи за време на оргазмот, жената може да помине бессони ноќи, превртувајќи се во креветот.

Постар изглед

Калогенот, кој се произведува за време на редовните полови односи, ја прави кожата мазна и свиленкаста. Поради недостаток на калоген жената може да изгледа постара од што е.

Воспаление на кожата

Прогестеронот, кој телото го произведува за време на сексот, го спречува појавувањето на акни на лицето.

Жената на која и треба секс ја открива и нејзиното однесување:

Ги малтретира другите

Недостатокот на ендорфин влијае на перцепцијата на светот околу неа.

Често зема лекови против болка

Жените кои почесто се сексаат немаат проблем со недостаток на окситоцин. За време на сексот се излачува овој хормон, кој делува како морфиум, па ги ублажува болките и грчевите.

Постојано е болежлива

Интимните односи го зголемуваат нивото на антивирусни антитела за 30 проценти.

Редовно заборава се и сешто

Сексот влијае на подобрување на циркулацијата, а подобрата циркулација значи и подобра работа на мозокот, го подобрува памтењето и учењето на нови работи.