вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Како да препознаете нимфоманка?

Како да препознаете нимфоманка?

Во медицинскиот речник оваа појава се објаснува како синдром на постојана сексуална возбуда (Persistent Sexual Arousal Syndrome, PSAS), а оваа дијагноза официјално постои од 2001 година кога за прв пат бил образложен клинички случај на нимфоманија.

Освен што постојано ги менува партнерите, таа има постојано силен сексуален апетит, дури и после повеќе сексуални контакти.

Изборот на партнер е без никаков филтер, без разлика на возраст, пол, надворешен изглед, зошто всушност огромниот стремеж кон остварување на полов контакт се објаснува не толку со неопходноста од доставување задоволство (всушност нимфоманките дури и не уживаат во сексот) колку со стремежот за трошење на натрупаната енергија и внатрешен дисбаланс и огромна напнатост.

Нимфоманките се особено емотивни, чувствителни, психички нестабилни, па затоа треба внимателно да се однесувате со нив.

Станува збор за маниакално/психички болни лица, кои имаат потреба од помош, а не од мажи гладни за секс, кои сметаат дека успеале да ја легнат.

Мажите исто така страдаат од нимфоманија, но кај нив оваа состојба потешко може да се дијагностицира, бидејќи постојаната сексуална желба кај мажите се смета како нешто нормално.

Како нови причини за појава на нимфоманија се потиснатата хомосексуалност и незавршениот психосексуален развој.

И сепак, нимфоманките не се само машка секс фантазија, туку реален и вистинит проблем како за себе си така и за околината. Нимфоманијата не е грев, тоа е болест!