понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 86
home Љубов и секс

Како да ја доведете жената до врвот?

Како да ја доведете жената до врвот?

Сакате партнерката да ја доведете до врвно уживање, но не знаете како? Еве што треба да направите и кои грешки да ги избегнувате.

Почнете полека

Првата пречка е тоа што повеќето мажи секогаш брзаат и забораваат на предиграта. Колку подолго чекате со главната игра, таа се повеќе ќе се возбудува и така врвот ќе биде добар и за двајцата.

Емоционална врска

За да можат навистина да уживаат во сексот, жените мораат да почувствуваат емоционална врскa со партнерот. Тоа не значи дека сексот за една вечер е лош, но во врската е важно партнерката да се чувствува сакана.

Физичка поврзаност

За да биде добар сексот, и двајцата партнери мораат да се чувствуваат добро и на физичко ниво. Не може никој да ужива во сексот ако се чувстува непријатно во некоја поза.

Разновидност

Без разлика колку страсно доживувате одреден вид на секс, со текот на времето ви здосадува. Затоа е пожелно да комбинирате различни игри и забава. Девојките не помислуваат баш секогаш само на секс кога се во кревет, па така понекогаш денот зачинете го со малку мазење и игра.

Подгответе ја атмосферата

За добар секс понекогаш треба малку повеќе да се потрудите. Приредете пријатна и опуштена атмосфера, на пример купете масло за масажа и масирајте се со тивка музика и свеќи.

Самодоверба

Една од најважните работи во сексот кај жените е самодовербата. Кога се во кревет, мораат да се чувствуваат секси и атрактивни. Затоа се препорачува да и поделите некој комплимент за телото и изгледот.

Полудете заедно

И девојките фантазираат. Исполнете некои заеднички фантазии за почеток, препуштете му се на фантазирањето и поттикнете је да се ослободи. И двајцата ќе уживате повеќе кога ќе откриете кои фантазии ве палат.

Жешки точки

Често мажите забораваат дека постојат повеќе ерогени зони на женското тело. Најмногу се фокусирани на градите и вагината, но ако сакате таа да почувствува вистинска возбуда, немојте да се ограничувате, истражувајте малку и откријте ги нејзините слаби точки.

Задоволете ја до крај

На жените им е еднакво важно да го доживеат врвот како и на мажите. Оваа цела приказна не враќа на почетокот па се потсетете се на предиграта и на тоа дека треба да одите полека. Немојте да се заиграте и да свршите пред неа.

Добриот секс завршува со емоции

По кулминацијата доаѓа расплетот, а тој и на жените им е еднакво важен. Затоа мазете се и покажете и дека сексот е повеќе од задоволување на вашите потреби.