недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Како да изградите доверба во новата врска?

Како да изградите доверба во новата врска?

Комуникацијата е важна во секоја љубовна врска, особено ако со партнерот сте заедно од неодамна. Пред да почнете да ја градите довербата, секој од вас треба да знае колку е подготвен да вложи во врската и колку очекува од другата страна.

Потребно е малку време

Довербата се гради постепено. Ќе биде потребно да помине извесен период, за да се запознаете подобро.

Не осудувајте

На почетокот на секоја врска, важно е да се трудите да го разберете парнерот што подобро и да не го осудувате за работи кои вам ви се помалку значајни.

Поддржувајте се

Полесно е кога знаеме дека има некој којшто секогаш ќе биде тука за нас. Поддржувајте го партнерот во секоја важна одлука што треба да ја донесе.

Отворете се

Ако нешто ви пречи- кажете го на глас, не чувајте го во себе.

Исполнете ги ветувањата што сте ги направиле. Тоа е навистина потребно, за да партнерот не се сомнева во тоа дека секогаш ќе го одржите зборот.