недела, 12. јули 2020. Вести денес: 99
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Љубов и секс

Како да го спасите вашиот брак кога ви се чини дека вашиот сопруг не се грижи повеќе?

Како да го спасите вашиот брак кога ви се чини дека вашиот сопруг не се грижи повеќе?

Познато ли ви е непријатното чувство кога ќе сфатите дека вашиот сопруг престанал да се грижи за вашата врска. Можеби веќе се прашувате „Дали тој сè уште ме сака?“. Можете ли да го спасите бракот кога ви изгледа како вашиот сопруг да не се грижи повеќе? Па, вашите мисли во последно време се: „Јас сум сама во овој брак. Јас сум одговорна за сите работи!“ или, „Мислам дека тој се откажа… од нас!“ И, за жал, дури и „Дали мојот брак заврши?“.

Тоа ве боли. Не ви се верува. Се чувствувате преплашено!

И тогаш…се лутите.

Ви се чини дека вашите разговори со него се постојано негативни. Колку и да се обидувате, ви изгледа дека овој циклус на брачни проблеми и конфликти никогаш не завршува. Како да се движите во затворен круг.

Оваа ситуација трае со недели, месеци, години, можеби дури и децении. Од моментот кога стапивте во брак и секој ден потоа, интеракцијата е напријателска, чувствувате незадоволство и лутина.

Што можете да направете во врска со тоа?
Бидејќи ја читате оваа статија, веќе го направивте првиот чекор! Јасно е дека не сте се откажале од врската. Но, што е следното што можете да направите? Немојте да чекате тој да го направи првиот потег! Можеби премногу долго ќе чекате.

Без оглед колку далечен ви изгледа партнерот, сè уште имате моќ да ја промените вашата врска на попозитивен начин и повторно да ја исполните со љубов.

Тоа ќе го направите преку борба за вашиот брак која ќе резултира со промена на вашиот однос затоа што постои голема можност да создадете поинаков исход.

Дали постои гаранција? Ако ги следите овие совети како да го спасите вашиот брак, ќе се ослободите од чувството како да сте заглавени во круг, затоа што ќе направите нешто поразлично за да ја промените ситуацијата.

Дали постои ризик? Се разбира, вие не можете да ги контролирате неговите постапки или реакции. Но, со задржување на „status quo“ ситуацијата нема да имате успехот и напредок во врската.

Значи, ако се прашувате дали вашиот сопруг сè уште ве сака или се откажал од бракот и не се грижи повеќе, ви нудиме 9 начини на кои може да ги промените нештата:

1. Почнете да му кажувате „Те сакам“ повторно
Кажете му дека го сакате секојдневно!

2. Давајте му искрени комплименти
Забележете во што е добар и пофалете го за тоа.

3. Вратете ги прегратките во вашиот живот
Физичката оддалеченост ќе исчезне кога ќе почнете повторно да го прегрнувате сопругот.

4. Бидете романтични
Секој ден правете некаков гест на внимание кој ќе му покаже дека ви е важно тој да биде среќен и сакан! Не правете премногу очигледни работи. Суптилно создадете романтични моменти.

5. Обидете се да бидете позитивни
Престанете да се жалите за секоја мала навреда во брачниот живот и воопшто. Гледајте попозитивно на нештата и тој повторно ќе се заљуби во вас!

6. Смејте се повеќе
Тешко е да ѝ се одолее на жена со искрена насмевка на лицето.

Ако сè уште се грижите за него, покажете му го тоа со насмевка и гледајте колку брзо и тој ќе ви возврати со насмевка.

7. Покажете интерес
Бидете негов пријател и слушајте го со интерес и ентузијазам.

8. Грижата за себе нека ви биде приоритет
Одлично е да го цените неговиот труд, но научете да го цените и сопствениот.

Колку повеќе се грижите за себе, толку повеќе енергија ќе имате за вашата врска да расте и заздравува.

9. Покажете почит
Кога ќе се однесувате кон него како кон маж, вие ќе се чувствувате поженствено. Почитувајте го како ваш сопруг и очекувајте да се случи магија!

Сега кога знаете како да го спасите вашиот брак, имајте на ум дека ниту една врска не е поштедена од проблеми. Она што е важно е да правите сè што можете за да ги поправите односите додека сè уште не е доцна.

извор:кафепауза.мк

Парламентарни избори 2020