четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Љубов и секс

Како да бидете подобри во кревет!

Како да бидете подобри во кревет!

За сексот се зборува и пишува многу во медиумите и во круговите од таа област, но за самиот сексуален чин меѓу партнерите најмногу треба да разговараат – партнерите.

Сексот не мора секогаш да биде фантастичен, а тоа значи дека не мора секогаш да заврши со оргазам (за двајцата), но не поради себичност, туку поради самиот факт дека треба да уживате во целиот процес, а не само во кулминацијата.

Време е да бидете искрени со себе и со партнерот за своите сексуални желби и следејќи ги овие три совети ќе имате супер секс.

Сексот почнува во главата

Ако премногу размислувате за сѐ друго освен за уживањето во сексот, секако дека нема да стигнете до уживањето. Заборавете на тоа како изгледате, не сме сите супермодели и имањето „совршено“ тело не гарантира супер секс. Заборавете на проблемите, сметките, работата, комшиите, родителите, децата… Препуштете се на уживање и фокусирајте се на задоволување.

Комуникацијата е најважна

Како и за сѐ друго во врската, комуникацијата е многу важна во сексот. Не очекувајте дека секоја секс ситуација ќе биде иста, не ни треба да биде! Кажете му на партнерот како се чувствувате, што сакате, што ви треба, што посакувате. Никој не знае да чита мисли, затоа бидете искрени за тоа што ви се допаѓа, а што не. Тоа кажете го отворено и внимателно, без да ги повредите чувствата на партнерот.

Не заборавајте на бакнувањето

Бакнежот секогаш ќе биде една од најинтимните работи меѓу двајца луѓе. Не ја скокајте предиграта, напротив, продолжете ја со многу бакнежи што не мора да завршат само на усните.