петок, 4. декември 2020. Вести денес: 90
home Љубов и секс

Истражување: Колку метри квадратни се потребни за мирен брак?

Истражување: Колку метри квадратни се потребни за мирен брак?

Сите ние отсекогаш сме се мислеле дека за приватност во бракот е доволна само една врата што може да се затвори. Но, според една нова студија, потребни се одреден број на метри квадратни за да имате мирен брак. Кој би рекол?

Во студијата учествувале 900 парови, а резултатите откриле дека оние што живееле во простор што имал најмалку 170 метри квадратни покажувале повисоко ниво на задоволство во врската во споредба со оние што имале помалку простор на располагање. Нивото на задоволство растело со бројот на метри квадратни на домот.

Според авторите на студијата, колку повеќе простор имаат паровите на располагање, толку се позадоволни од врската. Дури и 10 метри квадратни можат да бидат разликата меѓу среќен брак и брак на прагот на распаѓање. Резултатите покажале дека оние што се со мало бебе, најзадоволни се во простор од минимум 170 метри квадранти, додека пак веќе на 160 метри квадранти се гледало забележително намалување на среќата.

За милениумците оваа разлика е малку поширока – иако и тука најзадоволните биле со 170 метри квадратни или повеќе, дури и оние со 145 метри квадратни на располагање успевале некако да се снајдат.

Па, што мислите вие? Дали навистина големината на станот или куќата има некакво влијание на среќата на бракот или пак, можеби други фактори се во прашање?

извор:кафрепауза.мк

 

Коронавирус