недела, 12. јули 2020. Вести денес: 126
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Љубов и секс

Исповед на една очајна сопруга: „Сопругот ме изневерува со мојата братучетка, а јас не знам што да правам“

Исповед на една очајна сопруга: „Сопругот ме изневерува со мојата братучетка, а јас не знам што да правам“

„Веќе со месеци сум во хаос. Сè се измеша од моментот кога по првпат дознав дека мојата братучетка има нешто многу повеќе со мојот сопруг од класичен роднински однос.

Немам конкретни докази за моите сомнежи, но мојата женска интуиција ми вели нешто сосема спротивно. Пред 2 години, мојата братучетка, со која не бев премногу блиска, ми побара помош во врска со пронаоѓање на работа. Таа неколку години по ред немаше успеси при вработувањето, и покрај фактот што е една од најуспешните студенти на правниот факултет. Сопругот од друга страна има сопствена фирма и е многу успешен во неговата работа. Во неговата фирма има околу 40 вработени. На мое лично настојување, тој ја вработи мојата братучетка. На самиот почеток таа ги извршуваше основните задачи, а за кратко време, на мое изненадување, таа беше унапредена и задолжена за најважните адвокатски работи во фирмата.

Мојот прв сомнеж за изневерувањето се јави кога сопругот започна да ја води мојата братучетка на секое можно службено патуваење. Откако еднаш го прашав, ми објасни дека не е ништо невообичаено и секогаш ги зема еден од двајцата главни адвокати во фирмата со него да патуваат, бидејќи му се потребни при деловните разговори со странските партнери. За 2 месеци, вкупно отидоа на 5 деловни патувања. И сето тоа би било нормално, доколку мојата братучетка не го променеше нејзиниот однос со мене. Односно, таа започна да се однесува премногу чудно и во нејзините гестови, како индиректно постојано да се обидуваше да ми каже дека има афера со мојот сопруг.

Но, ништо не му кажав на сопругот, ниту пак му го проверував телефонот, мејловите и пораките. Се чувствувам многу напнато, сопствените мисли ќе ме изедат, бидејќи и покрај сè, се правам дека сето е во ред. Можеби преувеличувам, бидејќи наполнив 40 години и се чувствувам помалку самоуверена, бидејќи мојата братучетка има 29 години и изгледа неверојатно.

Се доверив на една моја пријателка и таа е убедена дека има нешто меѓу нив, при што ме советуваше да инсистирам сопругот да ја отпушти мојата братучетка и тогаш по неговите реакции ќе можам да преценам дали навистина има нешто. Но, јас не знам што да правам.

На работното место сум расеана, како и во текот на времето што го поминувам со нашиот 6-годишен син. Дури и за време на интимните односи, кои ги имаме редовно како и досега, јас не можам да се опуштам и возбудам. Очајна сум, бидејќи не сакам да го изгубам она што го имам.“

Што мислите вие, што треба да направи сопругата?

Парламентарни избори 2020