четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Љубов и секс

Гарантираат вечна среќа: 20 правила од љубовната Библија

Гарантираат вечна среќа: 20 правила од љубовната Библија

Љубовта е прекрасна работа која врзува двајца луѓе. Ако сакате односот помеѓу вас и вашиот партнер да биде совршен и да трае вечно, придржувајте се до овие 20 љубовни правила кои гарантираат вечна среќа.

1. Никогаш не заборавајте да го прашате партнерот како му поминал денот.
2. Кавгите понекогаш се само кавги, не мора да предизвикуваат раскинување, ниту озбилни проблеми.
3. Врските доаѓаат со обврски. Понекогаш нема да уживате во работите кои другата страна ги сака, но вреди понекогаш да се жртвувате.
4. Бидете отворени за работите кои не сакате да ги правите или кои не ве радуваат. Искреноста е важна.
5. Малите изненадувања можат да многу да значат.
6. Не форсирајте дружења кои не се пријатни и за двајцата.
7. Задолжително бакнувајте се кога ќе дојдете дома, задолжително бакнувајте се кога се разделувате.
8. Понекогаш откажете некои договорени обврски и поминете време заедно.
9. Почитувајте го неговото семејство како да е ваше.
10. Секогаш кога ќе ви дојде, кажете „Те сакам“. Не се воздржувајте.
11. Бакнувајте се секогаш кога ќе посакате. Со бакнежите не можете да претерате.
12. Преземете ги нивните обврски во домот доколку се преуморни.
13. Не правете навредливи шеги на нивна сметка, особено не пред други. Почитувајте се.
14. Секогаш бидете точни. Повеќето кавги се случуваат токму поради тоа.
15. Бранете ги ако другите зборуваат лошо за нив. Вие сте нивна половина.
16. Секогаш договарајте се околу се.
17. Одговарајте на повиците и пораките, дури и со задоцнување.
18. Не се расправајте додека сте на одмор. Искористите го секој убав момент за позитивни работи.
19. Секогаш бидете спонтани. Ако глумите, тоа ќе биде забележено.
20. Безусловно сакајте се! Тоа е толку едноставно!