понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 32
home Љубов и секс

Експертите тврдат – еве зошто е добро за вас во наредните 3 месеци почесто да водите љубов

Експертите тврдат – еве зошто е добро за вас во наредните 3 месеци почесто да водите љубов

Истражувањата покажуваат дека есента носи големи промени во сексуалниот живот на секој поединец.

Доаѓањето на есента, освен што нè асоцира на тоа дека со тешко срце треба да се поздравиме со летото, значи и промена за нашиот организам.

Имено, многубројни истражувања покажуваат дека есента е најпогодниот дел од годината доколку планирате да го проширите вашето семејство затоа што тогаш нашите хормони се на највисоко ниво, а се зголемува и сексуалната желба.

Луѓето, како и поголемиот дел од цицачите, имаат одбранбен биолошки ритам кога станува збор за плодноста и другите процеси во организмот.

А, нашите хормони „работат“ во состав на ритамот, што особено се однесува на тестостероните од кои што зависи и сексуалната желба.

Едно истражување покажало дека нивото на тестостерони и кај мажите и кај жените, опаѓа во текот на летото, а нагло се зголемува во текот на есента.

Друго истражување покажало дека кај мажите највисоко ниво на тестостерони е забележано во октомври и ноември.

Исто така, дополнително истражување покажало, особено кај мажите, дека во текот на зимата доаѓа до пад на нивото на тестостерони.

Иако во текот на летото се чувствуваме многу послободно, престојувањето надвор го зголемува витаминот Д, па поради тоа чувствуваме поголема желба за секс.

Коронавирус