вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 60
home Љубов и секс

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие некој кој одамна не го сакаш

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие некој кој одамна не го сакаш

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие личност која веќе долго не ја сакаш. Твоето најмало дете следната година ќе полни 18 години. Стануваш, одиш да се измиеш и случајно се погледнуваш во огледало. Со ужас ќе сфатиш дека имаш 52 години. Поголемиот дел од животот е веќе зад тебе. Личноста која толку си ја сакала на 18 години, човекот кој толку си го ценела на 25 години и со кого си сакала и трето дете на 32 години, воопшто не е ист. Влегуваш полека во кујната и на тој човек му ставаш кафе. Тој ќе се разбуди и повторно ќе има забелешки за некоја ситница. Но, работата нема врска со таа ситница, туку едноставно тој повеќе не те сака тебе, ниту ти него…

А сега, заборави на сè ова…

Целиот живот е пред тебе и твојата цел е да направиш сè што е возможно за на 52 години да не се разбудиш покрај личност што не ја сакаш, жалејќи се самата себеси. Ти го создаваш твојот живот. Потруди се ова погоре да не стане твоја реалност.

извор: skopjeinfo.mk

Коронавирус