петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Добронамерни потези што ги прават мажите, а ги нервираат жените

Добронамерни потези што ги прават мажите, а ги нервираат жените

Брачниот терапевт Џон Греј одамна има речено дека мажите се од Марс, а жените од Венера и поради тоа понекогаш тешко се разбираат.

Мажите честопати прават сѐ за да им удоволат на своите партнерки, но колку и да се добри нивните намери, понекогаш тоа го прават на погрешен начин и само ги нервираат жените.

Психологот Алиша Кларк вели дека проблемот најчесто се јавува кога мажот не размислува каков впечаток ќе остави со неговиот гест и како партнерката ќе се чувствува потоа.

Таа ги советува мажите да размислат добро пред да ги направат овие потези.

Опсипување со подароци

Подароците – мали или големи, со или без повод – се убава работа, но постојаното затрупување со подароци, како цвеќе, накит, парфеми, мечиња, облека, патувања и слично, не е паметно.

Жената може да го сфати ова како обид да ја контролирате или да се искупите за нешто што сте го направиле, но не го признавате. Исто така, недостигот на внимание кон вашата партнерка не може да се надомести со подароци кои во овој случај може да имаат контраефект.

Имајте на ум дека жената може да се почувствува дека треба да ви возврати со иста мера, а можеби не е таков тип или едноставно нема услови и таа постојано да ве опсипува со подароци.

Секси долна облека

Оваа точка се надоврзува на претходната, но има многу поспецифична природа.

Ако сакате да ја изненадите вашата партнерка и ѝ подарите секси долна облека како „гром од ведро небо“ (не го посакала тоа, не го правите тоа често), таа може да го сфати тоа како ваш обид да ѝ кажете дека не е доволно секси, дека не се труди доволно, дека вашиот сексуален живот станал здодевен.

Ако сакате да ѝ подарите секси долна облека, најпрво разговарајте за тоа, прашајте ја дали сака да носи нешто такво, што конкретно ѝ се допаѓа, бидете искрен дека сакате (почесто) да ја гледате во такво издание.

Принц на бел коњ

Не се обидувајте да ги решите сите нејзини проблеми, особено ако таа не го побарала тоа од вас. Колку и да е добра вашата намера, постојаното мешање во нејзиниот живот може да даде спротивни резултати.

Тоа што таа разговара за нејзините проблеми не значи дека бара помош за нивно решавање. Понекогаш само ѝ треба некој да ја сослуша. Не треба да бидете нејзиниот принц на бел коњ бидејќи на тој начин (ненамерно) оставате впечаток дека не верувате дека може сама да се справи со проблемите и да ги реши на свој начин. Живееме во 21 век, жените не сакаат да бидат спасени, туку сакаат рамноправен партнер на кој може да се потпрат, кога за тоа има потреба.

Коронавирус