недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 5
home Љубов и секс

Десет мажи го откриваат моментот кога престанале да ја сакаат својата партнерка

Десет мажи го откриваат моментот кога престанале да ја сакаат својата партнерка

Одлуката за прекин на врската честопати е многу тешка, особено кога за тоа нема вистинска причина како голема кавга, неверство или токсична врска.

Но, како да знаете кога љубовта исчезнала? Овие мажи биле искрени и го издвоиле моментот во кој сфатиле дека повеќе не чувствуваат емоции кон својата партнерка.

  1. “Сфатив дека сум со неа само поради чувството на должност, а не од љубов”.
  2. “Еден ден се враќав накај дома од работа и сфатив дека ми е убаво да бидам во врска само кога не сме во иста просторија”.
  3. “Ми “светна” дека нашите заеднички активности се претворија во обична рутина и престанав да ги исчекувам нашите средби со радост”.
  4. “Не можев да бидам со некој кој може да изневерува. Никогаш не ја префрлаше вината на мене ниту ме користеше како изговор за своите постапки. Ми призна дека ме изневерила и одлучивме да го решиме тоа. Сепак, не ми помагаше повторно да изградам доверба во неа. Само ми ги отежнуваше работите. Пет месеци подоцна ми откри дека повторно ме изневерила, ги спакува своите работи и замина два дена подоцна. Сфатив дека сè е готово кога по паузата зборувавме за врските во кои сме биле во меѓувреме, а мене тоа воопшто не ме допре”.
  5. “Додека се држевме за раце, а јас не чувствував ништо”.
  6. “Бевме на вечера, а јас умирав од здодевност. Прекинавме кратко по тоа”.
  7. “Бевме заедно за викенд, јас се излежував на каучот додека таа гледаше некоја серија. Околу девет часот вечерта ме праша кога планирам да си одам дома. Како едвај да чекаше да заминам. Немаше никаква кавга, си отидов. Тогаш сфатив дека едноставно не “кликнавме”. Подоцна зборувавме за тоа и сфативме дека всушност не чувствуваме ништо еден кон друг, како и дека сме заедно само од навика (бевме шест месеци во врска). Бев со неа само за да не бидам сам”.
  8. “Ме праша: Зарем не ти смета кога сум нервозна? Сфатив дека навистина не ми е гајле”.
  9. “Сфатив дека повеќе не ми се излегува со неа и дека ми е поубаво кога сум дома”.
  10. “Се врати од патување кое траеше еден месец, а јас немав желба да ја видам”.

извор:точка.ком.мк

 

Коронавирус