четврток, 22. август 2019. Вести денес: 100
home Љубов и секс

Дали треба да имате секс со партнерот и кога не сте расположени за тоа?

Дали треба да имате секс со партнерот и кога не сте расположени за тоа?

Што да правите во врската кога едниот е подготвен за секс, а другиот не е баш расположен?

Никогаш не е добра идеја да се натерате со сила да правите нешто што ви е одбивно. Но, исто така, можеби сакате да се охрабрите да бидете поекспериментални, особено ако имате грижлив и великодушен партнер.

Повеќето луѓе се форсираат за да почнат, но откако ќе почне водењето љубов и уживаат во тоа, се чувствуваат поповрзани и продолжуваат.

Ова особено важи ако успеат да си го тргнат притисокот од себе и од партнерот и да заземат став „ајде да се опуштиме и да видиме што ќе се случи“.

Ако сакате да чекате додека и двајцата искрено сакате да имате секс, ќе се изначекате. Желбата зе секс лесно згаснува кога ќе се натрупаат обврските, уморот, децата…

Колку повеќе време оставате да помине без секс, толку потешко ќе ви биде да се „рестартирате“.

Имајте на ум дека во љубовна партнерска врска не е гарантирано дека и двајцата партнери сакаат да имат секс во секое време.

Ни длабоката интимна, емотивна поврзаност не гарантира дека ќе имате добар секс.

Но, нештата почнуваат да одат во погрешна насока кога партнерот кој почесто вика „не“ претпоставува дека е во ред другиот партнер да живее во врска без секс, иако знаат дека тоа е личност на која сексот ѝ е важен како животен двигател и средство за поврзување.

Да одлучите еднострано дека нема да бидете сексуални со партнерот бидејќи „не ви се сака“ е исто како партнерот да одлучи дека нема веќе да разговарате во врската бидејќи „не е некој голем муабетчија“. Кога станува збор за сексуална конекција, сигурно има нешто што може да направите што нема да ви биде толку тешко.

Ако не сакате да имате секс бидејќи партнерот ве изневерил или не е фер или не ве почитува, очигледно е дека мора да разговарате за тоа и на другиот да му биде јасно дека тоа се причините.

Секако дека не се препорачува да имате секс со некој кој се однесува со вас насилно или без почитување, само за да ја одржите врската.

Но, ако вашиот партнер е добра и одговорна личност во врската, нема ништо лошо во тоа некогаш да се исфорсирате да имате секс, со цел да не дозволите вашето либидо да „замрзне“.

Честопати во врската најмалку едниот партнер не чувствува „природен нагон“ да иницира секс, но може да се впуштат во „играта“ ако навистина се потрудат.

Ако не се чувствувате возбудени, сепак има работи што може да ги направите да го задоволите партнерот и да бидете отворени едноставно да уживате во физичка блискост.

Ако навистина сметате дека вашата врска може да опстои како платонско пријателство со месеци, години, па и децении во иднина, не ги земајте предвид овие совети. Но, тоа мислење мора да го делите и двајцата.

А ако знаете дека некаква форма на секс е неопходна за опстанокот на вашата врска, отворено комуницирајте и дојдетете до заедничко решение колку секс во врската ви е доволно.