среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Дали сте доволно храбри да влезете во отворена врска?

Дали сте доволно храбри да влезете во отворена врска?

Во врска сте, а сакате малку поинаква возбуда. Можеби некој нов, некој кој ќе ве освежи, а врската во која се наоѓате да не страда. Сакате врска која е „отворена“.

Добро размислете дали сте спремни за такво нешто. Ваквите односи можат да бидат многу комплицирани. Имате ли сила на партнерот да му дадете етичка дозвола да најде друга, бидејќи, не заборавајте, тој однос треба да ви одговара на двајцата.

Што е потребно за да бидете сигурни дали сте способни за “отворена врска“?

Почит кон партнерот

Најголемата грешка која може да ја направите е да се обидете на секој партнер да му посветите подеднакво време. Врските се различни и секој партнер е различен – има поинакви навики. На пример, би било многу лошо ако на партнерот му кажете дека упаднал во “туѓ“ термин.

Подгответе го партнерот за вашите желби

Важно е на партнерот навреме да му кажете каков вид на врска сакате. Можете низ разговор да наговестите дека тоа му се случува на некој ваш пријател, само за да ја видите неговата реакција.

Немојте да бидете љубоморни

Имајте на ум дека ниеден маж нема да се согласи да ве дели со друг, ако вие не сте согласни и тој да се гледа со други девојки. Дури и ако тој не чувствува потреба за друга жена, нема да ја смета вашата желба за чесна. Затоа заборавете на љубомора и уживајте кога сте заедно, бидејќи вие сте креатор на целиот план.

Поставете правила

Двајцата немате исти очекувања. За некого отворена врска е флертување, бакнеж, додека за друг е сексот. Затоа потребно е да разговарате за границите до кои ќе одите, за тоа што ќе си кажувате еден на друг, а што не, и колку често ќе стапувате во врска со други.

Физички граници

Ако вие и партнерот сакате отворена врска, мора однапред да разговарате, за подоцна да нема забуни, префрлувања или расправии. Поставете јасни физички граници. Дали е во ред да имате физички контакт со други луѓе, ако да, каков? Дали со нив само ќе се бакнувате, ќе спиете или ќе пробате нешто што вие двајца не сте пробале?

Емотивни граници

Заедно одредете какво однесување е во ред во емотивен поглед. Можеби ви е во ред да барате некого на интернет, но не сакате со “третиот“ да излегувате во јавност за никој да не ве види. Кога со нова личност градите емотивен однос, постои „ризик“ некој од вас да се заљуби. Размислете однапред што ќе правите ако се случи тоа.

Кој е прифатлив, а кој не?

Кога влегувате во отворена врска, знаете дека таа во најголем дел од случаевите не е отворена баш за сè. Важно е да дефинирате кој може да влезе во таа врска. Однапред би требало да се договорите кој е достапен, а кој е забранет.

Колку ќе трае?

И отворената врска, како и секоја друга, претставува договор помеѓу две лица. Можеби штотуку сте се зближиле и поради тоа истражувате и други опции, можеби со години сте заедно и сакате да експериментирате. Во секој случај, треба да направите “контрола“ на врската во некој момент.

извор: точка.мк