среда, 18. септември 2019. Вести денес: 31
home Љубов и секс

Дали сексот е подобар по породувањето?

Дали сексот е подобар по породувањето?

Истражувањето што го спроведе веб-страницата Channel Mum, во кое беа опфатени 1.118 двојки со деца, покажа интересни податоци за сексуалниот живот на тазе родителите.

Новопечените мајки и татковци открил дека во просек поминуваат околу два месеци до првиот секс по породувањето. Она што е посебно интересно е што 94% од двојките рекле дека се задоволни од сексуалниот живот по раѓањето на бебето, а дури 57% рекле дека сексуалниот живот сега им е подобар отколку претходно.

Поконкретно, една третина од двојките почесто ужива во сексот отколку пред раѓањето на детето, а четворица од пет испитаници сега повеќе се грижат за квалитетот отколку за бројот на сексуалните односи.

Иако некои жени го одложуваат враќањето на сексуалните активности, стравувајќи дека на партнерот нема да им се допаѓа нивното изменето тело по породувањето, две третини од испитаниците рекле дека уште повеќе уживаат во телото на партнерката откако станала мајка.

Една третина од мажите рекле дека повеќе им се допаѓало телото на партнерката пред породувањето, а останатите не забележале промена во изгледот.