вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Љубов и секс

Цитати за љубовта поради кои ќе посакате повторно да се вљубите!

Цитати за љубовта поради кои ќе посакате повторно да се вљубите!

Љубовта е една од најпрекрасните чувства кои постојат. Најубавите уметнички и книжевни дела се инспирирани од љубовта. Најубавите песни ја опеваат љубовта. Без разлика дали сте среќно заљубени или сте во потрага по љубов, овие цитати ќе направат повторно да посакате да се заљубите како првиот пат.

~ „Ја прифаќаме љубовта којашто мислиме дека ја заслужуваме.“ – Стивен Чбоски

~ „Те сакам без да знам како или кога или од каде. Те сакам едноставно, без проблеми или гордост: Те сакам на овој начин бидејќи не знам ниту еден друг начин да сакам освен овој, во кој не постои ЈАС или ТИ, толку интимен што твојата рака на моите гради е моја рака, толку интимен што јас заспивам кога ти ги затвораш очите.“ – Пабло Неруда

~ „Никогаш не постои време или место за права љубов. Се случува случајно, за миг, во еден сјаен, емотивен момент.“  – Сара Десен

~ „Да бидеш сакан длабоко од некого – тоа ти дава сила, да сакаш некого длабоко  – тоа ти дава храброст.“ – Лао Цу

~ „Нема да биде лесно. Ќе биде многу тешко; ќе мора да работиме на ова секој ден, но сакам да го направам тоа затоа што те посакувам. Те посакувам целата, засекогаш, секој ден.  Ти и јас… секој ден.“  – Николас Спаркс

~ „Повеќе не верував во идејата за сродни души или за љубов на прв поглед. Но, почнував да верувам дека неколку пати во твојот живот, ако имаш среќа, можеш да сретнеш некој кој е токму правиот за тебе. Не затоа што е совршен или за тоа што ти си, туку затоа што вашите комбинирани маани се распоредени на начин кој дозволува две различни суштества да бидат заедно.“ – Лиса Клејпас

~ „Таму каде што има љубов, има и живот.“ – Махатма Ганди

~ „Што е пекол? Јас тврдам дека е страдањето заради неможноста да се сака.“ – Фјодор Достоевски

~ „Имај доволно храброст уште еднаш да веруваш во љубовта. И секогаш уште еднаш.“ – Маја Ангелоу

~ „Ја сакав наспроти разумот, наспроти ветувањето, наспроти мирот, наспроти надежта, наспроти среќа, наспроти сето обесхрабрување кое можеше да постои.“ – Чарлс Дикенс