недела, 24. септември 2023. Вести денес: 27
home Љубов и секс

Четири работи што мажите никогаш нема да ви ги признаат

Четири работи што мажите никогаш нема да ви ги признаат

На мажите им е тешко да го искажат она што го чувствуваат. Има некои работи коишто нема да ви ги признаат, но би биле пресреќни ако ги знаете.

Ерогени зони

И мажите имаат ерогени зони на кои би требало да посветите внимание за време на предиграта и сексот. Понекогаш е тешко да ги откриете бидејќи ним им се потребни само неколку секунди за да се возбудат. Сепак, потрудете се да дознаете што сака вашиот партнер, не се плашете да го прашате.

Страв дека можеби ќе ве изгуби

Можеби глумат дека сè е во ред, но кога мажите ќе почувствуваат дека може да ја изгубат жената којашто ја сакаат стануваат мошне несигурни. Тоа ќе ви го покажат со тоа што ќе почнат да се однесуваат поинаку кон вас, ќе станат понежни, подобри и ќе ве опсипуваат со љубов и внимание.

Страв дека не е доволно добар за вас

Мажите мислат дека жената може да најде некој побар од нив, но никогаш нема да го признаат тоа. Ќе се чувствуваат уште позагрозено ако вашите пријателки не го прифаќаат или не ја одобруваат вашата врска.

Потреба за одобрување

Мажите очекуваат жените да им ги читаат мислите, па затоа нема да ви кажат дека им е потребно ваше одобрување или поддршка. Самите ќе го забележите тоа ако почне да ве запрашува и да започне разговор на некоја тема.