недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Четири причини зошто згаснува страста во врската

Четири причини зошто згаснува страста во врската

Во првите месеци од врската обично сè е мед и млеко. Разговарате со партнерот, излегувате и не можете да се разделите еден од друг. Меѓутоа, невозможно е таа почетна страст да се одржува со години.

„Во долгогодишните врски страста лесно згаснува, а тоа се случува затоа што врската ја земата здраво за готово“, вели сексологот Назанин Моали.

Терапевтите со години се обидуваат да објаснат зошто се случува партнерот со тек на времето да стане помалку привлечен.

Си здосадувате

Како и сите живи суштества, со текот на времето ќе посакате нешто ново и тоа понекогаш може да влијае на привлечноста кон партнерот.

Чувствувате огорченост кон партнерот

Постојано имате расправии без оглед на тоа дали станува збор за пари, семејна драма или нераспределување на домашните работи. Со лутината страста се гаси.

Во вашата врска нема повеќе романтика

Во врската романтиката полека исчезнува. Секојдневните обврски ве оддалечуваат од партнерот, па ги нема оние ситни знаци на внимание, како што е на пример бакнеж после работа.

Не водите грижа за вашата убавина

Од многубројните обврски, немате време да посветите грижа на надворешниот изглед. Оставете ги обврските на еден ден, дајте си време и освојте го вашиот партнер повторно.

Доколку сте забележале дека привлечноста кон партнерот згаснува, не дозволувајте вашата врска да пропадне.

Размислите дали нешто што самите не сакате кај себе го проектирате на вашиот партнер, односно партнерка. Можеби тој воопшто не е виновен.