петок, 26. април 2019. Вести денес: 66
home Љубов и секс

Четири најчести прашања за оргазамот

Четири најчести прашања за оргазамот

Забележавме дека постојат одредени прашања што жените најчесто си ги поставуваат. Еве одговори што ќе ви помогнат да ги решите своите дилеми…

  1. Што да направам за да доживеам оргазам? 
    Откријте ја магијата на мастурбирањето. Вежбајте, вежбајте и само вежбајте! Подоцна споделете го со партнерот она што сте го научиле. Знаете како велат – морате прво да научите да свирите на својот инструмент, пред да му се придружите на оркестарот! Најважно е да заборавите дека целта ви е оргазмот: истражувајте го своето тело и отркијте што ви се допаѓа, бидејќи сите жени не реагираат на ист начин на стимулацијата.
  2. Некогаш успевам да доживеам оргазам, а некогаш не. Зошто е тоа така? 

Не постои строго дефинирана причина, но тоа им се случува на голем број жени (иако поретко, им се случува и на мажите, секако). Расположението, хормонските промени и стресот можат да имаат големо влијание на можноста за постигнување оргазам, бидејќи се мешаат во работата на невротрансмитерите (хемиски „носачи“ на информации). Постојат повеќе од 50 невротрансмитери во телото и можно е психичката состојба да влијае на нивното функционирање и така да ве спречи да доживеете оргазам.

Во тие ситуации, најважно е да не се нервирате. Ако направите пауза и едноставно продолжите да се галите и да се бакнувате со партнерот, ќе се опуштите и можеби подоцна ќе бидете во состојба да го доживеете големото „О“.

  1. Тешко ми е да доживеам оргазам со партнерот.
    Не е мал бројот на жени што без проблем доживуваат оргазам кога се сами, но со партнерот не можат. Причина за тоа може да биде срамежливоста или недоволната опуштеност, како и воздржувањето од тоа да му кажете што точно ви се допаѓа. Тука всушност не се работи за реален проблем, бидејќи со вас очигледно дека сè е во ред. Единствено што ви недостасува е доверба и отворен разговор на темата за секс.

Најдобар начин да ја решите оваа ситуација е да му кажете на партнерот како се чувствувате. Ова не само што ќе ви помогне во решавањето на блокадата, туку и ќе ја направи вашата врска поинтимна.

  1. Глумев оргазми и сега не знам како тоа да му го кажам да партнерот. 
    Некои работи едноставно е тешко да му се кажат и нема начин како да си го олесните тоа, па затоа без премногу размислување – едноставно кажете му! Објаснете му дека ви е тешко да доживеете оргазам, кажете му кога сте почнале да глумите,  како и дека не сте имале никаква лоша намера. Не се правдајте, раскажете му како стојат работите и објаснете дека тоа е многу почест случај отколку што мажите си претпоставуваат. Во различни анкети откриено е дека дури 80% од жените глумеле или глумат оргазам, додека најголем број од мажите се уверени дека нивната партнерка секогаш доживува оргазам.

Важно е работата да ја поставите како нешто позитивно во вашето сексуално напредување, а не како критика упатена кон него. Да бидеме искрени – вината и не е негова, бидејќи тој не можел ни да претпостави што всушност се случува.  И не грижете се ако се налути. Ќе му помине!