недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 93
home Љубов и секс

Ако сте во потрага по партнер по четириесеттите, еве на што треба да внимавате

Ако сте во потрага по партнер по четириесеттите, еве на што треба да внимавате

Без оглед на неуспешниот брак или претходната врска, вие заслужувате да бидете среќни, а враќањето во „играта“ на почетокот може да биде малку застрашувачко.

Но, од времето кога бевте слободни до денес, многу нешта се променија.

Не е исто како порано

Ако поминаа многу години од последните ваши состаноци со потенцијални партнери, повторното дружење може да биде предизвик за вас. Можеби немате можност да пронајдете партнер како во вашите помлади денови затоа што веќе немате толку време или желба да излезете. Ако е така, свртете се кон онлајн запознавање.

Ставате стари фотографии

Без разлика дали сметате дека порано сте изгледале подобро, избирајте понови фотографии за апликациите за онлајн запознавање. Исто така, правило е да бидете сигурни дека фотографијата е што е можно поквалитетна, а не и едноставно селфи што сте го направиле секунда пред да го отворите профилот. Некои луѓе дури ангажираат професионални фотографи да ги имаат најдобрите можности во светот на онлајн запознавање.

Нагласете го она што го барате

Пред да започнете потрага, запрашајте се што сакате. Вашите приоритети секако се промениле со годините. Размислете за тоа што го барате и не двоумете се да напишете во описот на профилот.

Скокање во нова врска

Ако неодамна излеговте од врска, не брзајте. Прво посветете се на себе, и после тоа на потрагата по нов партнер. Грижењето за себе може да ви помогне да го вратите чувството за самопочит и повторно да станете самосвесни.

Старомодно размислување

Ослободете се од застарените верувања дека мажот е оној кој треба да пристапи прв. Преземете го првиот чекор сами. Немате што да изгубите.

Прифаќате сè

Не треба да сретнете со секој со кој се допишувате. Ова може да биде исцрпувачко и ако не „кликнете“ со некого, може да биде фрустрирачки. Бирајте со кого ќе разговарате и ќе се сретнете. Ограничете ги контактите, разговарајте со оние со кои ви е пријатно наместо да губите време.

Ограничување на местото на живеење

Ако живеете на помало место, не ограничувајте се само за тоа што е најблизу до вас. Средбата со луѓе од други места може да биде интересна и возбудлива.

Големи планови за првото излегување

Не очекувајте премногу затоа што може да бидете разочарани. Вие се состанувате со луѓе опуштено и не треба да очекувате ништо спектакуларно.

Не сфаќајте сè сериозно

Не бидете премногу строги со себе и со другите. Дури и најлошите излегувања можат да бидат хумористични. Уживајте и опуштете се.

Коронавирус