понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 46
home Љубов и секс

Ако односот мора да биде тајност, тогаш таму не припаѓаш

Ако односот мора да биде тајност, тогаш таму не припаѓаш

Американката Regina Brett e писателка, добитничка на Пулцерова награда, позната по своите колумни во кои го преиспитува значењето и тајните на животот. И се чини дека таа жена знае што зборува, нуди добри темелни, информативни и прецизни ставови.

Регина во својот живот поминала низ разни важни и тешки искуства: како самохрана мајка, растела дете 18 год, поминала рак на дојка на 41 год, но постигнала голем успех и импресивна кариера. Во 45 год, конечно ја пронашла вистинската љубов.

Денес ви нудиме неколку нејзини совети и мисли. Можеби не се сите за вас, но прочитајте ги со отворен ум и помислете на момент за длабочината на нејзините размислувања.

– Во моите дваесети и триесети, ги менував мажите како чорапи. А всушност секогаш излегував со еден те ист маж, кој има различни лица и имиња. Така не размислував се’ додека една врска не ме однесе на терапија. Млад, згоден дечко ми се удвараше на работа, воодушевен што може да биде со мене. Се вртеше околу мене три месеци. Токму кога бев подготвена да го пуштам во животот, ми рече дека тој викенд не може да биде со мене, бидејќи кај него доаѓа неговата вереница. Негова што?

Приказна на мојот живот. Зошто таа приказна ми се повторува? Таа ноќ кога му реков да си оди, плачев и му се дерев на Свемирот: ‘Зошто ги привлекувам мажите кои се зафатени? Свемирот ми одговори: ‘Затоа што се плашиш од оние кои се слободни’.

Советничката која ми ги излечи најтемните и најдлабоки рани, ми даде основни правила за односите со мажите. Лесно се паметат а основата им е сигурност. Ми посочи на 4 работи на кои морам да внимавам, а првата е најважна.

Тајност. Дали односот може да има јавна осуда? Ако односот мора да биде тајност, таму не припаѓаш.

Штетност. Ти прави штета или таа врска те деградира тебе или твоите деца на било кој начин?

Чувства. Дали сте во тајна врска за да ги избегнете болните чувства? Го менува таа врска вашето расположение?

Празнина. Недостасува ли посветеност и грижливост?

Ова беше одлична почетна точка. Со време јас сама создадов свој сопствен попис за врска:

– Тргајте се од мажи кои се недостапни- зафатени. Тоа ги вклучува и оние кои не ги привлекувате, свештеници, географски непосакувани мажи, женети, мажи кои се плашат на другите да им кажат дека се во врска со вас, бидејќи ќе ги избркаат потенцијални нови врски.

-Нема тајни. Имам многу драга пријателка чии маж ја изневеруваше со години. Тоа не беше афера, туку стил на живот. Во меѓувреме, тие заедно одеа на терапија за да го спасат својот брак. Тој се преправаше дека учествува во тоа и никогаш не покажуваше причина за сомнеж дека постои друга жена, се додека тоа не излезе на виделина и бракот заврши.

Уште една пријателка имаше тајна врска со оженет маж, чекаше со години тој да ја остави својата жена и да се ожени со неа. Јас постојано и’ зборував: ‘Ако се омажиш за маж кој ја изневерува својата жена, која е гаранцијата дека нема и тебе да те изневерува. Истото важи и за мажите. Не бидете нечии туѓ краткорочен наем. Сакате афера или врска?

– Чувајте се од зависност. Ако некој е закачен за алкохолот, коцкањето, дрога, секс, работа и сл., таа личност не е достапна. Освестете ги своите внатрешни потреби, пронајдете ги и поправете ја својата скршена душа. Ако сакате некој кој треба да се смени или поправи, прашајте се, зошто треба тоа да го правите. Ако мислите дека можете да ја спасите неа или него, размислете повторно.

– Биди своја. Биди ти 100%. Еден маж со кој бев во врска, ми рече дека сакал се’ кај мене, освен тоа што сум духовна. Постои нешто такво? Па, што очекуваше тој, да верувам повеќе во него отколку во своите уверувања? Она што јас го сметам за моја најдобра особина, тој не може да ја толерира. Не сакам некој кој ќе ме толерира. Сакам некој кој ќе ме слави.

– Кажете му на светот што сакате. Но, прво кажете си себе си што сакате. Запишете го тоа. Почнете од некои физички особини: висина, тежина, потоа напишете она што вие го посакувате- се’ испуштете од себе. Нека желбите полетаат во свемирот. Потоа седнете во тишината на својата душа, продрете до сржта и прашајте: ‘Што јас навистина сакам?’

Потоа направете попис. На крајот на листот запишете: ова и нешто подобро. Потоа ставете го листот во кутијата и не обрнувајте внимание повеќе на него.

– Игнорирајте ја надворешноста. Украсната хартија на подарокот обично не дава назнаки за тоа што е внатре. Понекогаш украсната хартија е подобра од подарокот. Некогаш пак, најдобрите подароци доаѓаат без украс. Не ги игнорирајте кратките ќелави дечки или буцмасти мечиња. Пред да ги отпишете, размислете што навистина сакате. Немојте да пропуштите нежен тип со меко срце само поради набилдан фраер полн со себе. Добро срце трае подолго од плочки на стомакот. Прашајте било која омажена жена над 40.

-Создадете подобра себе. Живот, кој е толку добар, што не е важно дали ќе влезе некој во него. Прифатете секоја прилика за нови пријатели, запознајте нови луѓе, испробајте нови авантури. Живејте живот од своите сништа, наместо да трагате за мажи од соништата. Наместо тоа станете прво свој партнер. Бидете најдлабока, најдобра, најверна верзија своја. Станете си самите себе привлечни.

Постои некој за секој. Ако се обидувате да станете некој друг, оној господин ‘вистински’ можеби нема да биде заинтересиран, бидејќи ја бара онаа личност која некогаш сте биле.

извор: alternativainformacije

Коронавирус