четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Љубов и секс

Ако навистина ја сакаш, биди покрај неа!

Ако навистина ја сакаш, биди покрај неа!

Ако ја сакаш, немој само да зборуваш. Зборовите се важни… но не држат вода доколку не се поткрепени со дејства. Ако навистина ја сакаш, не може да ѝ го кажуваш тоа, а никогаш да не го покажуваш.

Таа мора да види дека твоите зборови не се само празни зборови, таа мора да види дека тоа што го зборуваш навистина го мислиш.

Покажи ѝ дека си човек кој си стои на зборот. Покажи ѝ дека не си како сите други мажи кои ги имала во животот. Покажи ѝ дека не го кажуваш само она што мислиш дека таа сака да го слушне. И кога ќе ѝ кажеш дека ја сакаш, мисли го тоа со секој дел од твоето битие.

Преку глава ѝ е да ги слуша истите зборови и да паѓа на нив, а подоцна тоа да ѝ се удри од глава кога ќе види дека тие зборови не значат ништо. Преку глава ѝ е да се сомнева во се. Лесно е да кажеш дека ја сакаш, но зборовите добиваат значење кога ќе ѝ покажеш дека си покрај неа и во добро и во лошо.

Немој да ѝ кажуваш дека ја сакаш, а потоа да исчезнеш во моментот кога работите ќе станат потешки. Биди покрај неа, сакај ја. Давај ѝ поддршка во моментите кога таа не може јасно да ги гледа работите. Кога ќе падне, кога ќе се чувствува ранливо, ти треба да ѝ ги дадеш своите крилја за да може да застане на нозе. Понекогаш доволно е тивко да ја држиш за рака додека таа плаче, доволно е да ја прегрнеш кога телото ѝ трепери од страв. Доволно е да ја погледнеш во очи и да ѝ кажеш дека веруваш во неа.

Таа никогаш нема да ги заборави тие моменти. Таа никогаш нема да заборави дека си ѝ помогнал да си го зачува здравиот разум. Таа никогаш нема да може целосно да ја искаже благодарноста што си бил покрај неа дури и кога си ги видел нејзините најлоши моменти. Ти си нејзиното сидро и ти си сѐ што ѝ потребно да се чувствува живо и среќно.

Тоа е љубовта. Зборовите се потребни и важни, но дејството и поддршката е она што ја прави љубовта целосна. Не заборавај дека ти си нејзината сила во нејзината најголема слабост. Затоа, не ја разочарувај, немој да правиш да се кае што ти верува. Не се коцкај со нејзината љубов. Ако ти си нејзиното сидро, таа вечно ќе биде твоја и само твоја.