недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 59
home Љубов и секс

7 идеи за романтичен состанок дома

7 идеи за романтичен состанок дома

Студирањето и работењето од дома е нешто на кое повеќето од нас требаше да се прилагодиме во 2020 година, а така можеби ќе продолжи и дел од оваа. Глобалната пандемија исто така го смени начинот на поминување време со нашите најблиски. Ако сакате да го разгорите љубовниот живот, тогаш сте на вистинското место. Еве ги нашите топ 7 идеи за романтичен состанок што можете да го имате во удобноста на вашиот дом. Уживајте!

1. Гледајте филмови
Има толку многу филмови кои можете да ги одберете, како што се “10 Things I hate About You” (1999), “Something’s Gotta Give” (2003), “Love, Actually” (2003),итн. Ова се само неколку од одличните предлози за вечер со филмови кои навистина можат да ви помогнат да поставите расположение за романтична вечер.

2. Играјте игри
Ако барате смешни и симпатични идеи за состаноци во зима, размислете за водење малку пријателско натпреварување. На пример, можете да играте класична игра карти или пак да пробате некои од игрите на вашите деца.

3. Танцувајте
Пуштете музика, фатете ја раката на вашиот партнер и едноставно уживајте во вашиот романтичен состанок. Ако навистина сакате да научите нови потези, лекциите за танцување преку Интернет можете да ги претворите во ново зимско хоби.

4. Имајте состанок на плажа
Ако сакате песок, вода, природа, тогаш сигурно ќе ги цените романтичните идеи за состаноци покрај езеро, река или на плажа. Да, можеби не е можно да имате забавен состанок на плажа во зима, но бидете креативни и донесете ја плажата и летото во вашиот дом. Пронајдете украси кои потсеќаат на лето и плажа, пуштете латинска музика со океански бранови. Направете коктели, опуштете се и уживајте.

5. Пикник
Ако е ладно надвор, направете пикник дома. Едноставно порачајте зачинета храна, гушкајте се под ќебе и ќе бидете чекор поблизу до предиграта.

6. Гответе заедно
Едноставно изберете кујна што не сте ја пробале и истражувајте во готвењето на нешто поразлично.

7. Караоке
Ако сакате да поминете навистина смешен романтичен состанок, размислете да ги отпеете вашите омилени песни.

ЕУРО 2020

Македонија