среда, 30. септември 2020. Вести денес: 7
home Љубов и секс

6 причини зошто партнерката не сака секс со вас

6 причини зошто партнерката не сака секс со вас

Доколку вашата девојка или жена не сака да има секс со вас сигурно веднаш претпоставувате дека веќе не е заинтересирана да има секс со вас. Но не треба да донесувате вакви заклучоци веднаш и да се откажете од вашиот сексуален живот – сексолозите споделуваат за Huffinton Post кои се реалните причини за тоа што партнерката ве одбива за секс.

1. Не е задоволна од врската

За повеќето жени, сексуалната желба е директно поврзана со тоа како се чувствуваат за емотивната врска. Ако ја нервирате партнерката некако или е незадоволна од врската/бракот, секс е најверојатно последно на нејзиниот ум.

2. Сексот можеби е болен за неа

Секоја жена поминува низ физички и хормонални промени во животот, кои може да бидат намалување на либидо, може да влијаат на подготвеноста за секс, влажност на вагината и едноставно сексуалната самодоверба. Дознајте кога се чувствува најопуштено и потсетете ја дека сe уште ве предизвикува.

3. Поминуваат денови без да ја допрете

Сексот е за допирите, бакнежите, галењето и предиграта, колку што е за пенетрација. Фокусирајте се на допирот на жената секојдневно и не скокајте веднаш на секс. Гушнете ја, масирајте ја, бакнувајте ја…

4. Навистина е преморена

„Уморна сум“ важи за код за одбивање секс, но сепак не заборавајте дека е некогаш значи „не вечерва љубов, мнооогу сум уморна“. По долг работен дени други активности, сосема е логично партнерката да се чувствува расположена само за спиење. Ако жените не се доволно одморени и релаксирани, не можат да дадат доволоно од себе, во сексуална смисла.

5. Сте и здосадиле како личност

Според истражувањата, за долг и среќен живот потребно е релативно добро здравје, заинтересиран и интересн партнер. Запрашајте се: Кога партнерката ве гледа денес, дали сеуште го гледа интересниот дечко во кој се заљубила или сте се загубиле низ годините?

За да го освежите ова, треба да го вратите она што ве правело интересен на почетокот како истражување на личните интереси и реконектирање со личноста со која сте биле пред да биде партнерката веќе ваша.

6. Сексот станал  рутина

Сосема е нормално со тек на време сексот да ви стане поневозбудлив од порано: истите места, истите позиции, истото време. Време е да промените нешто, како на пример промена на сцената, додавање на светла менување на распоред и слично. Играјте улоги што може да бидат секси за двајцата. Забавувајте се.

Коронавирус