среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 178
home Љубов и секс

5 тајни за партнерот кои не треба да им ги кажувате на пријателките

5 тајни за партнерот кои не треба да им ги кажувате на пријателките

Вашите радосни и тажни моменти ги споделувате со пријателките, но има неколку работи кои треба да ги сочувате за себе, особено кога станува збор за љубовните врски.

Чувства

На некои партнери им треба подолго време да ви ги доверат нивните тајни. Тие имаат доверба во вас и се надеваат дека можете да им помогнете и да ги разберете. Неговите најдлабоки стравови и желби, не треба да ги знаат вашите пријателки.

Расправии

Сите парови се расправаат во некој момент. Проблемите најдобро ќе ги решите сами. По некое време, бурата стивнува и си простувате еден на друг. Но, доколку сте им кажале на вашите родители или пријатели, тие ќе го мразат вашиот партнер и ќе го доведат во непријатна ситуација.

Интима

Вашата спална соба е резервирана само за вас двајца. Во спротивно, ја доведувата во опасност довербата на партнерот која лесно ќе ја изгубите доколку ги слушне тие муабети. За сето она што ви пречи, разговарајте со него. Помислете си, како би се чувствувале вие доколку тој раскаже нешто за вас на неговите пријатели?

Финансиски проблеми

Не смеете да дискутирате за вашата финансиска ситуација, а особено за финансиските проблеми. Секако, доколку ви е потребна финансиска помош разговарајте со партнерот.

Маани и недостатоци

Со тек на време ќе се навикнете да ги сакате и мааните на вашиот партнер, па затоа не е добра идеја да им раскажувате на пријателите или роднините. Тие ќе се сетат и ќе го споменат тоа во погрешен момент.

извор: kajgana.com