четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Љубов и секс

5 причини зошто немате секс

5 причини зошто немате секс

Помеѓу 10 и 15 проценти од сите бракови се без секс или со помалку од 10 пати во годината

Немате доволно секс? Не сте сами. Според проценките, жените денес имаат многу помалку секс отколку оние од 1950 година. Помеѓу 10 и 15 проценти од сите бракови се без секс или со помалку од 10 пати во годината. Еве кои се најчестите причини.

  1. Креветот веќе не ви е секси

До сега е кажано безброј пати – креветот треба да се користи единствено за спиење и за секс. Но, голем број од нас и натаму инсистираат на носење непотребни нешта во креветот – лаптопи, смартфони, храна, итн. Атмосферата во спалната соба мора да ја зачувате света, т.е. таа соба да биде посветена единствено на секс и спиење.

  1. Лековите ви го уништуваат сексуалниот порив

Ова е доста иронична ситуација. Земате орални контрацептиви, за да можете да имате безгрижен секс, но по некое време се случува токму поради нив да го загубите сексуалниот порив. Ако забележите дека желбата за секс ви се намалува, консултирајте се со гинекологот за нус појавите и побарајте алтернатива, доколку тоа е причината што веќе не сте желни за секс како порано.

  1. Имате премногу зафатен живот

Работите, чистите во домот, готвите, вежбате, се грижите за семејтсвото и што ли уште не. На крајот, воопшто не ви останува време за себе. Но, зафатеноста не само што физички го отежнува имањето секс, тоа може да предизвика и хормонални нарушувања кои ќе ви ја намалат желбата. Единствено решение за овој проблем е поинакво менаџирање на времето. Одвојте време само за вас, заклучете ја вратата од спалната и исклучете ја сета технологија која ви е во близина.

  1. Не ви се допаѓа сопственото тело

Голем број жени не сакаат да експериментираат сексуално, доколку имаат некој килограм повеќе или пак доживуваат промена на формата на телото поради бременост. Но, општо познато е дека жените знаат да се ужаснат од некои делови од телото што всушност им се допаѓаат на другите. Ова особено важи за нивните партнери. На крајот на краиштата, доколку тој е заинтересиран за секс, тоа значи дека сигурно му се допаѓаат вашите атрибути.

  1. Депресија

Кога се чувствувате нерасположено, желбата за секс може значително да се намали, особено ако сте жена. Жените имаат тенденција да се изолираат себеси во таквите периоди. Антидепресантите можат да го отстранат темното облаче од над вашата глава, но можат да влијаат врз способноста за доживување оргазам. Ако лекарствата влијаат врз сексуалниот живот, разговарајте со гинекологот. Тој ќе ви посочи подобра алтернатива.