сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 92
home Љубов и секс

4 знаци дека не треба да излезете на втор состанок

Понекогаш е подобро да не излезете повторно.
4 знаци дека не треба да излезете на втор состанок

Понекогаш е подобро да не излезете повторно.

Излегувањето и запознавањето со потенцијалните партнери понекогаш може да биде навистина фрустрирачко. За жал, не може уште на првиот состанок да знаете дали е некој добар за вас или не, но доколку ги забележите овие четири работи, подобро е да не излезете никогаш повеќе со таа личност.

Лошо однесување

Внимавајте на однесувањето на вашиот потенцијален партнер уште на првиот состанок. Доколку не се однесува примерно и не ги почитува вашите граници, не очекувајте дека на некој од наредните состаноци ќе ги земе предвид вашите потреби и желби.

Исто така, бидете внимателни доколку станува збор за личност која често го менува расположението и влегува во конфликтни ситуации. Доколку се однесува така на првиот состанок, замислете како ќе се однесува понатаму.

Премногу е интимен

Доколку уште на првиот состанок неговото однесување ви се чини дека е претерано, бидете внимателни. Доколку станува збор за личност која споделува премногу лични информации, трауми од детство или емотивни моменти, подобро е да прекинете со него уште на првиот состанок.

Исто така не е добар знак доколку ги критикува неговите поранешни партнерки. Ова укажува на тоа дека тој сака да контролира сè.

Чувајте се и од оние коишто сакаат да им исполнуваат желби на сите што ги познаваат затоа што тоа значи дека имаат ниска самодоверба.

Неодлучност

Не може да одлучи каде ќе одите, што ќе јаде, што ќе нарача. Имајте на ум дека неодлучноста е еден од знаците на ниска самодоверба, а ова во иднина може да ви предизвикува многу проблеми во врската.

Еднонасочни разговори

Првиот состанок може да биде и непријатен, но тоа е одлична можност за да се запознаете. Доколку вашиот потенцијален партнер ви раскажува само за неговите искуства, станува збор за егоцентрична личност.

Од друга страна, лошо е и доколку не зборува ништо за себе, туку постојано ви поставува прашања и ве испрашува како да сте на испит.

Ова е знак дека можеби крие нешто од вас. И двајцата треба да зборувате подеднакво за да се запознаете подобро.

Никој не е совршен и може да се случи партнерот да има трема и да има трема на првиот состанок.

 

извор: kajgana.com

Коронавирус