недела, 25. август 2019. Вести денес: 22
home Љубов и секс

3 очигледни знаци дека дефинитивно сте ја пронашле совршената љубов

3 очигледни знаци дека дефинитивно сте ја пронашле совршената љубов

Се поврзувате без напор

Можеби сте се запознале преку заеднички пријатели. Можеби случајно сте налетале еден на друг. Можеби заедно сте седеле во кафана. Во секој случај, во моментот кога конечно сте се поздравиле и сте започнале муабет, хемијата била неверојатна.

Се создала длабока и интензивна поврзаност низ разговор и говор на тело. Кај некои парови, ова чувство избледува со текот на времето, но со вашата сродна душа, тоа чувство станува сѐ посилно и поинтензивно.

Нивото на комуникација е беспрекорно

Успехот на секоја долготрајна врска може да се препише на способноста за комуникација. Се работи за реална комуникација во која ништо не е скриено и е лишена од лаги. Ова ве прави отворени и ранливи пред вашите партнери. Понекогаш ова се вежба, но сѐ оди полесно со сродната душа. Важно е сродните души да ги изразуваат своите потреби и да знаат дека комуникацијата има различни облици.

Заедно создавате ваш сопствен мал свет

Најсилните врски се оние во кои сродните души заедно го градат сопствениот свет. Секако дека е супер забавно да се гушкате во кревет и да гледате филмови, да излегувате и да патувате, но ако тоа е единственото нешто што го правите заедно, што всушност правите и во кој правец се движите?

Сродните души наоѓаат работи кои им се заеднички, па дури и работи кои не им се заеднички и ги прегрнуваат со две раце. Тие заедно споделуваат духовитост, активизам, уметност, наука… и создаваат заедно. Размената на страсти за одредени работи директно ја зголемува нивната љубов.