среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Храна и пијалаци

Зошто треба да јадете урми?

Зошто треба да јадете урми?

Овие слатки плодови помагаат за многу здравствени проблеми, а за нивната корист малку се знае. Урмите се корисни во борбата против многу болести.

Богати се со витамини, минерали и влакна, а се верува дека една урма на ден може да допринесе до балансирана и здрава исхрана.

За што сè е добро да јадете урми?

Го намалуваат холестеролот

За луѓето коишто имаат покачен холестерол, урмите се одлично овошје. Се верува дека овие слатки плодови го намалуваат лошиот холестерол во организмот.

Го зајакнуваат срцето и крвните садови

Доколку имате ослабнат срцев мускул или некој друг вид на срцеви заболувања, јадете урми. Оставете ги да отстојат преку ноќ потопени во вода.

Наутро исчистете ги од семките, смелете ги во блендер заедно со вода. Неколку пати дневно консумирајте лажица од оваа смеса.

Го намалуваат притисокот

Урмите се богати со калиум, а содржат многу малку натриум. Порција од пет или шест урми има околу 80 мг. магнезиум, минерал кој допринесува за ширењето на крвните садови.

Истражувањата покажуваат дека доколку внесете 370 мг. дневно од овој минерал го намалува крвниот притисок.

Штитат од мозочен удар

Благодарение на богатата содржина со калиум, урмите се покажаа како одлично средство за одржување на здравјето на нервниот систем.

Истражувањата покажаа дека поголем внес на калиум може да го намали ризикот од мозочен удар за неверојатни 40 проценти.