петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 11
home Храна и пијалаци

Зошто не смеете да пиете врел чај или кафе? Оваа навика предизвикува опасна болест

Зошто не смеете да пиете врел чај или кафе? Оваа навика предизвикува опасна болест

Новата студија се фокусирала на навиките на пиење чај на 50.000 луѓе, на возраст од 40 до 75 години. Ова истражување ги поткрепи поранешните сознанија дека врелиот чај го зголемува ризикот од рак на хранопроводникот.

Неодамнешната студија направена на основа на повеќе од 450.000 податоци, открила дека врелиот чај ако се консумира со цигари и алкохол, може да предизвика рак на хранопроводникот.

Меѓународната агенција за истражување на рак (IARC) предупредува на консумацијата на пијалаци кои се потопли од 65 степени. Топлината може да предизвика мали повреди во, со што се поддржува развој на рак.

Секој кој редовно пуши или пие алкохол има пет пати поголем ризик од развој на рак на хранопроводникот, се наведува во студијата.

Студиите покажуваат дека земјите познати по пиење чај имаат висок број случаи карцином на хранопроводникот. Во земјите како Англија и Јапонија, чајот обично се консумира на температура под 60 степени.

Следниот пат кога ќе одлучите да зготвите шолја чај, оставете да се излади околу четири минути.