петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Храна и пијалаци

Здраво, вкусно и лесно: Салата со пилешко и портокал

Здраво, вкусно и лесно: Салата со пилешко и портокал

Ако обожавате салата, ви ја препорачуваме оваа салата со пилешко, портокал и марула.

Состојки:

Пилешко филе

Марула

Два портокали

Сенф

Маслиново масло

Сол, бибер

Начин на подготовка:

Пилешкото филе испржете го од сите страни за да добие златеста боја. Исчистете ја зелената салата, излупете го портокалот и исечете го на кришки. Промешајте лажица сенф со маслиново масло, зачинете со сол и бибер. Промешајте ја зелената салата со дресингoт, додајте пилешко исецкано на ленти и парчиња портокал.