среда, 5. август 2020. Вести денес: 125
home Храна и пијалаци

За прослави што се паметат – кетеринг од Барбакан

За прослави што се паметат – кетеринг од Барбакан

Сијалички, мирис на снег и празнична атмосфера… Да, тоа е оној дел од годината што го обожаваме. Со 2019-та ќе се збогуваме онака како што сакаме да ја дочекаме 2020-та – со тон прослави и позитивна енергија.

Локацијата за прослава изберете ја Вие, но дозволете му на тимот од бистро бар Барбакан да се погрижи за исхраната и пијалаците. Скратете ги главоболките така што менито ќе го препуштите во рацете на врвните кулинари од Барбакан.

На вашите гости приредете им вистинско гастрономско уживање а Вам безгрижна забава. Професионалниот кетеринг на Барбакан ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите. Веруваме дека ова ќе биде првата од низата успешни соработки со овој одлично организиран тим.

Затоа што:

Храна за стотици гости

Доколку на Вашата забава имате стотина гости, не постои веројатност дека ќе ги нахраните сите и притоа, Вие лично ќе бидете среќни и опуштени. Затоа што повеќе сакате да се посветите на дружење со вашите гости отколку да поминете време во готвење храна и послужување.

Голем избор храна

Ако сами ја приготвувате и служите храната, несомнено е дека ќе имате ограничувања за тоа каква храна може да понудите. Кетерингот на бистро бар Барбакан го работат стручни лица и тие можат да обезбедат каков вид храна и да посакате.

Ви заштедуваме време и нерви

Ако планирате пред-новогодишна забава за вашата компанија или некоја друга голема манифестација, ќе бидете растргнати на сите страни. Она што кетеринг услугата на Барбакан ја прави единствена е тоа што со еден контакт, добивате се! Доколку навистина сакате да се опуштите и да уживате во вашата прослава, Барбакан нуди целосен пакет кој вклучува храна, пијалок, бенд, фотограф, келнери (послуга), осветлување, озвучување, коњопои, чаршави и маси… Нуди целосно уживање со ветување дека „ќе бидете гостин на Вашата забава“.

Професионална услуга

Персоналот кој е задолжен за реализација на кетеринг услугите е професионален и одлично знае како да се вклопи во атмосферата со што, ниту за момент, нема да се почуствувате како да сте присутни на некој формален настан доколку тоа е потребно.

Флексибилност

Она што го прави кетерингот на Барбакан посебен е приспособливоста и подготвеноста на персоналот и менаџментот, во секој момент, да се одговори на вашите барања.

Сигурен транспорт на храната

Возилото кое Барбакан го користи за транспорт на храна ги исполнува сите ХАССАП стандарди за храна. Тоа подразбира квалитетен транспорт на храната.

Храната е секогаш свежа и вкусна

Она што ја прави единствена кетеринг услугата на Барбакан е тоа дека храната е секогаш свежа, вкусна, одлично приготвена и сервирана. Барот секојдневно врши набавка на свежи намирници од локалните добавувачи.

„Готвење во живо“ (live cooking)

…за време на вашата прослава, со што би можеле да „украдете“ некој трик од вештите готвачи со кои располага Барбакан.

Забавите со Барбакан се навистина забавни

Доколку сакате да ја „зачините“ вашата прослава, Барбакан нуди и можност да Ви организира тематска забава што ќе ја направи несекојдневна и ќе остане во сеќавањата на присутните засекогаш.

За крај, она што го издвојува бистро бар Барбакан се должи најмногу на проактивноста и желбата на персоналот и менаџментот да овозможат совршено и незаборавно доживување…

Коронавирус