петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 183
home Храна и пијалаци

За мирен сон – еве што треба да јадете пред спиење

За мирен сон – еве што треба да јадете пред спиење

Постојат продукти кои би требало да се одбегнуваат доколку сакате мирен сон, па во последно време експертите се трудат да смислат оброк кој нема да биде вовед во уште една ноќна мора.

Бананата е прво овошје кое е идеален избор за јадење пред спиење. Бананата содржи триптофан и калиум кои се одлични за добар сон. Од друга страна, оваа овошка е слатка, па во секој случај е подобар избор од чоколадо.

Друго овошје кое ќе ви помогне да се наспиете е киви чие влијание врз сонот лежи во високото ниво на антиоксидански и серотонин во неговиот состав.

Меѓу производите кои можат да поттикнат подобар сон е сок од вишни кој помага во зголемувањето на нивото на хормонот мелатонин од кој се чувствуваме поспано. Здравите риби како лосос или туна исто така произведуваат мелатонин зошто се богати со витаминот Б6. Така, конзервираните туни може да доведат до подобар сон.

Доколку по вечерата или ручекот ви останале неколку слатки компирчиња, слободно можете да ги изедете пред спиење зошто содржат калиум кој помага за опуштање на мускулите.

Млечните производи како што се лесните сирења или јогурт исто така можат да поттикнат на добар сон.

Да потсетиме, некои продукти чие конзумирање експертите никако не го препорачуваат пред спиење се брокули, сладолед, алкохол, зачинета и мрсна храна или кафе.

Локални избори 2021