вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 81
home Храна и пијалаци

ВРАТЕТЕ ЈА БОЈАТА НА ИЗБЛЕДЕНАТА ОБЛЕКА: Се што ви треба е ЛОВОРОВ ЛИСТ

ВРАТЕТЕ ЈА БОЈАТА НА ИЗБЛЕДЕНАТА ОБЛЕКА: Се што ви треба е ЛОВОРОВ ЛИСТ

Постојат многу употреби на зачините за други цели освен за готвење. Таков е случајот со ловоровиот лист.

Ако го ставите овој зачин во машина за перење, ќе ја зачува бојата на облеката, а на онаа избледената ќе и го врати првобитниот изглед.

Ловоровиот лист можете да го ставите директно во машината за перење, но многу подобар ефект ќе добиете ако го ставите ловоровиот лист во леген со вода и потоа ја натопите облеката.

Во зависност од количината на алиштата, земете неколку или десетина ловорови листови, ставете ги во вода и варете во тенџере.

Кога таа вода малку ќе се олади, по 20-30 минути натопете ја облеката во неа и оставете ја да отстои неколку часа.

За подобар ефект, одвреме-навреме треба рачно да ги мешате алиштата. Потоа добро исцедете ја облеката и измијте ја како и обично во машина за перење или на рака.

Коронавирус