сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 34
home Храна и пијалаци

Во случај на труење со храна или стомачен вирус, ова е храната која може да ви помогне

Во случај на труење со храна или стомачен вирус, ова е храната која може да ви помогне

Некои видови храна треба да се избегнуваат. Диететичарот Шери Каспер откри дека алкохолот, високо киселата и зачинета храна можат дополнително да го иритираат стомакот и дека дефинитивно треба да се избегнуваат.

Исто така, постојат намирници кои ќе ви помогнат и ќе го смират варењето.

Овде се на прво место банани, ориз и двопек, храна што е докажано дека предизвикува затвор.

„Најлошото нешто што може да се случи со стомачен вирус или труење со храна е дехидрираност. Исклучително важно е да се надополни изгубената течност. Супите, пијалаците и зеленчукот и овошјето богато со вода се многу корисни“, објаснува експертката Џесика Спиро.

Диететичарот Тереза ​​Бонани препорачува кокосова вода, која е полна со калиум и добар извор на други важни хранливи состојки како што се натриум, магнезиум и фосфор.

„Сметам дека кокосовата вода е природен извор на електролити без додаден шеќер“, истакнува таа.

Кога ќе почувствувате дека закрепнувате, посегнете по јогурт и кефир за да му дадете на вашето тело доза протеини и да ги замените добрите бактерии во дигестивниот систем, како што советува Бонани.

Ако сте чувствителни на лактоза, може да посегнете по пробиотички додатоци кои се здрави за дигестивниот тракт.

Исто така, смутито направено од соја млеко, овошје и путер од јаткасти плодови е одличен извор на протеини што вашето тело лесно ќе ги свари.

Пилешка супа или варено пилешко и мисирка исто така одлично ќе делуваат на вознемирен стомак и ќе ви помогнат да ја вратите силата.

Коронавирус