четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 167
home Храна и пијалаци

ВКУСНО ЗАДОВОЛСТВО: Домашен чоколаден намаз готов за 5 минути, никогаш повеќе нема да си купите еурокрем

ВКУСНО ЗАДОВОЛСТВО: Домашен чоколаден намаз готов за 5 минути, никогаш повеќе нема да си купите еурокрем

Ако спаѓате во група на оние кои утрото го почнуваат со слатко, тогаш овој рецепт е идеален за вас.

Повеќето состојки веројатно ги имате во фрижидер, а кондензираното млеко сега може да се купи во речиси секоја продавница.

Состојки

150 гр. излупени лешници

100 гр. црна чоколада

1 лажичка какао

300 мл засладено кондензирано млеко

½ лажичка екстракт од ванила, 2 лажички млеко, прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Обложете ја тепсијата за печење, распоредете ги лешниците и печете ги 8-10 минути. Задолжително протресете ги еднаш во текот на печењето. Кога ќе примат златна боја, ставете ги во мултипрактик и исецкајте ги. Изгаснете го уредот дури кога ќе попримат конзистенција слична на путер од кикиритки.

Растопете ја чоколадата на тивок оган, ставете го кондензираното млеко и добро промешајте.

Чоколадата, какаото, екстракт од ванила, сол и лешниците ставете ги во мултипрактикот. Кога сите состојки ќе се соединат, додајте го млекото на намазот за да не биде премногу густо.

Измиксајте, пробајте и додајте уште млеко по потреба.

Ова чоколадно задоволство може да го чувате во тегла на собна температура четири, а во фрижидер околу 30 дена.

Коронавирус