понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 33
home Храна и пијалаци

Вкусен есенски оброк: Направете крем супа од карфиол

Вкусен есенски оброк: Направете крем супа од карфиол

Крем супа од карфиол е одлична идеја за есенски ручек.

Време на подготовка: 1 час и 20 минути

Потребни состојки за 6 порции:

  • 1 лажица путер
  • 1 лажиче маслиново масло
  • 1 струк праз (само светлозелениот дел)
  • 1 мала главица кромид
  • 1 мала главица карфиол
  • вода
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Во големо тенџере со двојно дно, ставете ги путерот и маслиново масло да се загреат на средна температура.

Потоа отстранете ја дршката од карфиолот и тенко исечкајте ја на кругови. Останатиот дел од карфиолот исечкајте го во форма на цветчиња и измешајте го со претходно исечканата дршка.

Тенко исечкајте ги и празот и кромидот и додадете ги во тенџерето. Пржете околу 3-5 минути, односно сѐ додека не омекнат. Додадете ¾ од карфиолот, а остатокот зачувајте го за подоцна. Зачинете со сол и бибер, а потоа пржете околу 5 минути.

Додадете доволно вода, така што ќе го покрие тенџерето (околу 4 чаши) и ставете капак. Полека мешајте додека се вари, а откако ќе почне да врие, намалете ја температурата. Нека се вари со мешање уште 45 минути.

Додадете го преостанатиот дел од карфиолот и варете уште додатни 15 минути, или додека не омекне.

Направете пире од супата користејќи блендер. Во случај на преголема густина, додадете вода.

Коронавирус