понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 78
home Храна и пијалаци

Вкус кој ќе ве воодушеви: Лава колач (РЕЦЕПТ)

Вкус кој ќе ве воодушеви: Лава колач (РЕЦЕПТ)

Брзо и лесно

СОСТОЈКИ:

150 гр путер
300 гр темно чоколадо
150 гр жолт шеќер
200 мл слатка павлака
100 гр брашно
6 јајца

ПОДГОТОВКА:

Додадете путер, темно чоколадо, жолт шеќер и слатката павлака во соодветен сад.

Тенџерето во кое претходно сме ставиле вода ја ставаме да се загрее до точка на вриење. Кога водата ќе зоврие го ставаме садот со состојките. Нежно мешајте додека масата не се растопи и изедначи.

Кога масата ќе стане компактна, тргнете ја на страна. Најпрво додајте го брашното со постојано мешање додека не се соедини.

Потоа додадете ги јајцата и продолжете со мешањето.

Готовата маса истурете ја во претходно премачкани садови (со стопен путер и бисквити).

Се пече во загреана рерна на 220 C 8-10 минути.

Коронавирус