Потребни сосотојки:
4 јајца
100 г шеќер
лимонова кора по желба
една чаша од 50 мл масло
две лажици растопено путер
200 мл јогурт
една чаша од 200 г брашно
еден прашок за печиво
еден пудинг од карамела
чаша од 200 г сечкани ореви
една чаша од 100 г суво грозје
Подготовка
Посебно изматете белки со шеќер додека не добиете цврст снег. Во посебна чинија измешајте просеано брашно, пудинг од карамела и прашок за печиво.
Постепено додавајте ја оваа сува смеса во изматените белки и нежно мешајте со шпатула. Потоа додајте жолчки, масло, растопен путер, јогурт и лимонова кора. Сето тоа нежно мешајте додека состојките не се соединат. На крај додадете сечкани ореви и суво грозје. Истурете ја смесата во подготвен калуп за куглoф. Печете на 180 до 190°C околу 60 минути.
Карамелен прелив:
Пред самиот крај на печењето, во тенџерето ставете две полни лажици шеќер. Оставете шеќерот целосно да се стопи и да се претвори во карамела. Во карамелата додадете една лажица путер и сето тоа добро измешајте за да се изедначи. Топлиот куглоф бавно преливајте го со таа карамела, внимавајќи преливот да навлезе помеѓу ребрата. Оставете да се излади пред сервирање.