петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Храна и пијалаци

Ви требаат само 5 минути: Чоколадна торта која ќе им се допадне на сите (ВИДЕО)

Ви требаат само 5 минути: Чоколадна торта која ќе им се допадне на сите (ВИДЕО)

Ви се највиле гости, а немате многу време да припремите нешто вкусно? Имаме супер решение за вас. Сега може да направите чоколадна торта за 5 минути!

Не ви се верува? Погледнете го видето и следете ги инструкциите.

Состојки:

  • ¼ чаша брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици масло

Подготовка:

    1. Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот и какаото. Измешајте ги убаво.
    2. Потоа во садот додајте ги млекото, јајцето и маслото, и добро измешајте ја смесата за да се изедначат состојките.
    3. Чоколадната смеса ставете ја во намрсен керамички сад, а потоа печете ја во микробранова печка за време од 3 до 4 минути. Чоколадната торта извадете ја од микробрановата печка и проверете дали е печена со помош на чепкалка. Потоа, извадете ја од керамичкиот сад и ставете ја на чинија за служење.
    4. По желба печената чоколадна торта за 5 минути премачкајте ја со растопено чоколадо, мармалад, чоколаден прелив или наросете ја со шеќер во прав.  На здравје!

Локални избори 2021