понеделник, 11. ноември 2019. Вести денес: 139
home Храна и пијалаци

Торта од лешници по рецепт на Џејми Оливер

Торта од лешници по рецепт на Џејми Оливер

Совршениот спој на сите состојки прави да уживате во првото парче од оваа прекрасна и лесна за подготовка, торта. Освен тоа, оваа торта е по рецептот на Џејми Оливер, познат англиски готвач чии рецепти со сигурност гарантираат необични, ароматични и многу вкусни јадења.

Потребно е:
115 г омекнат путер
125 г печени и многу ситно мелени лешници
125 г шеќер
4 јајца рендана кора од еден портокал
30 г брашно
125 г рикота сирење
2 лажици афионово семе
прстофат сол
3 лажици џем од кајсии, за премачкување
50 г рендано темно чоколадо, за посипување

Подготовка:


– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.

– Земете едно тркалезно тавче за печење со димензија од 24 см, обложете го со хартија за печење и лесно намачкајте го со маргарин.

– Со миксер матете ги путерот и шеќерот додека да се растопи шеќерот. Потоа, една по една, додавајте ги жолчките.

– Исклучете го миксерот и ставете ја кората од портокал.

– Додадете ги просеаното брашно, рикотата, афионовото семе и прстофат сол. Измешајте со лажица.

– Белките изматете ги со миксер.

– Изматените белки полека и во неколку наврати додадете ги во смесата, полека, мешајќи со лажица. Не мешајте премногу или пребрзо, затоа што ќе спласне тортата, а белките ја прават воздушеста и мека.

– Ставете ја во тавчето и печете околу 25 до 30 минути, односно во зависност од тоа како ви пече рерната.

– Испечената торта оставете ја малку да се олади.

– Џемот загрејте го со 4 лажици вода. Со џем премачкајте ја тортата.

– На крај, од горе, ставете го изренданото чоколадо.

– Сервирајте со малку изматена слатка павлака. (МИА)