вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Храна и пијалаци

Топло, ароматично и вкусно: Печени јаболки со ореви и карамел прелив

Топло, ароматично и вкусно: Печени јаболки со ореви и карамел прелив

Топли и сочни јаболки со карамел прелив и суво овошје за совршени есенски ноќи.

Состојки:

5 јаболки

50 гр. сечени ореви

50 гр. суво грозје

малку џем од кајсии

300 гр. шеќер

50 гр. маргарин

100 гр. павлака

Подготовка:

Се мијат и длабат јаболките па се става малку џем во нив, сечени ореви и шеќер. Се става и суво грозје.

Се покриваат со фолија и се печат на 200 степени во плех со хартија 30 минути.

Се топи на оган шеќерот, се додава маргаринот и павлака и се соединува, па се прлеиваат печените јаболки, се ладат да се стегне карамелот, па се служат.

На здравје!