недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Храна и пијалаци

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек
Телешки шницли во бело вино

Нашата идеја за денешниот ручек …

Потребно е:
500 г
 телешки шницли
1 главица кромид, ситно исецкан
3 чешниња лук, ситно исецкани
1 лажица сенф
200 мл бело вино
сол, бибер
малку вода
масло

Потребно е:
– Сите шницли истенчете ги со дрвен чук, намачкајте ги со малку сенф, посолете, наросете со бибер и оставете ги во фрижидер да се маринираат.

– Сецканиот кромид пропржете го на врело  масло. Додадете го и сецканиот лук и него малку пропржете го колку да пушти мирис.

– На динстаниот кромид и лук ставете ги шницлите и продолжете со динстањето додека не фатат боја од сите страни.

– Сипете го виното и малку вода и поклопете ја тавата. Оставете да се динста на средна температура додека не се згусне сосот.

– Овие вкусни телешки шницли послужете ги со варен ориз или пире од компири.