вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 130
home Храна и пијалаци

Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“

Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“

По серијата меѓународни признанија во последниве години, „Шато Сопот“ ја продолжува 2020-та година со уште една значајна награда на престижен меѓународен вински натпревар. Виното „Cabernet Sauvignon – Merlot – Shiraz“ од бербата 2017-та се закити со сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ кој оваа година се одржа во Брно, Чешка, од 4-6 септември.

По златната плакета за Вранецот од бербата 2017-та, ова е уште едно признание за вината од оваа винарија. Каберне Совињон е една од носечките сорти во „Шато Сопот“ и оваа плакета ќе биде поттик за афирмација и на другите вина од оваа сорта грозје.

8.500 вина од 46 земји од светот се натпреваруваа оваа година на 27-то издание на „Concours Mondial de Bruxelles“. Вината беа оценувани од 250 дегустатори од 30-тина земји со различен профил како сомелиери, купувачи и увозници на вино и специјализирани вински новинари.

Доделени се медали на вина од 40 различни земји. На врвот, со најголем број признанија стои Франција (570), следена од Шпанија (495), Италија (363) и Португалија (306). Шест вина на три македонски винарии добија златни и сребрени медали.

Коронавирус