недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 88
home Храна и пијалаци

Според ова можете да знаете дали внесувате премногу шеќер

Според ова можете да знаете дали внесувате премногу шеќер

Шеќерот е присутен во скоро сè, особено во преработена храна. Последиците од прекумерното внесување може да бидат сериозни за здравјето и доколку препознаете некој од овие симптоми, сменете ја исхраната и консултирајте се со доктор.

Голема количина шеќер го ослабува детскиот имунолошки систем, создава плодна почва за габични инфекции кај жените, а кај мажите може да предизвика хроничен замор и да го намали сексуалниот нагон. Шеќерот содржи калории, но нема вистинска хранлива вредност, па премногу шеќерот го преплавува организмот со премногу калории. Јадењето повеќе калории отколку што согорувате ќе доведе до зголемување на телесната тежина, а дебелината може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Колку шеќер е премногу?

Имено, мозокот е главниот и скоро единствениот извор на гликоза на енергија – шеќер што е во нашата крв и на кој му требаат само околу 130 грама на ден.

Внесувањето на шеќер на дневна основа треба да биде помалку од 10 проценти од вкупниот дневен внес на енергија. Значи, ако некое лице има потреба од 2000 калории на ден, до 200 калории треба да потекнуваат од шеќер.

Ако не сте свесни за прекумерна консумација, проверете дали имате некој од следниве симптоми на прекумерен внес.

1. Болка во зглобовите и мускулите

Дали ви пречи болка, црвенило и оток во нозете во редовните активности. Ова може да биде еден од многуте знаци на преголем внес на шеќер, предупредуваат експертите, а механизмот кој е одговорен за ова е воспалителниот процес во организмот. Оштетување на нервите (периферна невропатија) може да биде уште еден знак на хронично покачен шеќер во крвта. Ова доведува до вкочанетост или горење во рацете и нозете или неможност за чувство на болка или промена на температурата.

2. Постојана желба за слатки

Некои денови трчате до фрижидер на секои пет минути? Тогаш треба да бидете внимателни да не консумирате толку многу храна што е полна со шеќер. Имено, ако јадеме многу слатки, високиот шеќер во крвта спречува влегување на гликозата во клетките. Како резултат, телото нема енергија и постојано бара нешто слатко, што е брз начин да се добие „гориво“.

3. Вие сте или полни со енергија или целосно исцрпени

Со зголемена количина шеќер, организмот не е во состојба правилно да ја чува и апсорбира гликозата. Енергијата не се користи ефикасно и клетките на телото не ја добиваат потребната енергија. Сето ова води кон фактот дека имате големи енергетски скокови – тоа е, по доза шеќер да сте хиперактивни, а кога ќе падне шеќерот, сте исцрпени како после трчање маратон.

4. Воспалителни процеси на кожата

Храната што содржи додаден шеќер предизвикува брз пораст на инсулин и започнува процес на глицирање, односно врзување на шеќерот во молекулите на протеините. Веднаш штом гликозата ќе влезе во вашиот крвоток, предизвикува серија комплицирани физиолошки процеси кои на крајот можат да предизвикаат воспаление и проблеми со кожата. Ова зголемување на инсулин може со текот на времето да ја зголеми активноста на масните жлезди на вашата кожа и да ги активира воспалителните процеси. Ова значи дека исхраната богата со шеќер носи поголем ризик од развој на акни.

5. Зголемување на телесната тежина – особено во абдоменот

Кога премногу шеќер се апсорбира во крвотокот, тоа предизвикува зголемување на нивото на крвта. Кога нивоата се високи, секоја калорија од шеќер се чува како маснотија и предизвикува дебелина. Додадената тежина најчесто се депонира во пределот на стомакот.

6. Чести настинки и слаб имунитет

Витаминот Ц што му е потребен на вашето тело за борба против настинки е многу сличен во неговата хемиска структура со гликозата. Наместо да бара и да работи со витамин Ц, вашиот имунолошки систем внесува глукоза која има нула јачина против вируси и бактерии.

Избегнувајте преработена храна со поголем процент на рафинирани шеќери како слатки и газирани пијалаци. Наместо тоа, се препорачува да се консумира храна што ќе го стабилизира нивото на шеќер во организмот, како кафеав ориз, наут и леќа, а со тоа да се зајакне имунолошкиот систем.

7. Висока толеранција на шеќер

Кога секој ден јадете многу слатки, вашите пупки за вкус се навикнуваат на истото ниво на сладост и почнуваат да реагираат поинаку на тоа. Вишокот шеќер го засладува непцето, а слатките плодови и бобинки не изгледаат толку слатки како што треба. Ако ништо повеќе не ви изгледа премногу слатко, намалете го внесот на дополнителни слатки адитиви, како рафиниран шеќер и слатки сирупи и префрлете се на урамнотежена исхрана.

8. Расипување на забите

Некои од штетните бактерии во устата можат да се хранат со шеќерот што го јадете. Така, нивото на киселина што обично го произведуваат може да се зголеми и да ја оштети глеѓот на забите. Кога овој заштитен надворешен слој е исцрпен, зголеменото ниво на киселина може да создаде шуплини. Тие можат да доведат до забоболка, нежност, па дури и губење на забите.

9. Чувство на надуеност

Студиите покажаа дека понекогаш шеќерот не се вари целосно во тенкото црево. Кога ќе влезе во дебелото црево, може да ферментира и да доведе до гас, грчеви и болна надуеност, како и да ги влоши симптомите на синдром на нервозно црево. Ова е причината зошто луѓето кои јадат премногу шеќер постојано чувствуваат „надуеност“.

Коронавирус