сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 88
home Храна и пијалаци

Спас за многу тегоби: Домашен напиток кој поволно делува на бубрезите, ги исфрла токсините и го регулира притисокот

Спас за многу тегоби: Домашен напиток кој поволно делува на бубрезите, ги исфрла токсините и го регулира притисокот

Сигурни сме дека во текот на летото, краставицата е неизоставен дел од многу салати, но ретко кој од нас има навика да испие чаша свежо цеден сок од овој зеленчук.

Сокот од краставица е одличен за многу здравствени тегоби. Чаша сок од краставица содржи само 45 калории, а има и пријатен вкус и е одличен избор во текот на врелите летни денови.

Тој е богат со калиум, натриум, фосфор, јод, манган, железо, калциум, хлор како и витамини Б и Ц. Редовната употреба на овој сок ја чисти и храни кожата, ги отстранува подочниците, поволно влијае на здравјето на косата и го спречува нејзиното опаѓање, смирува различни воспаленија на непцата, придонесува за здравјето на забите итн.

Исто така, поволно делува на работата на бубрезите, го поттикнува исфрлањето на токсини и ја намалува потребата за нивно лачење преку кожата.

Сокот од краставица влијае на регулирање на крвниот притисок, ги подобрува функциите на крвните садови и срцето, ги намалува тегобите предизвикани од ревматски заболувања и делува позитивно на нервните функции.

За подготовка на овој сок ви се потребни следните состојки:
– 2 краставици
– 4 стебла целер
– 1,5 цм. корен од ѓумбир
– половина лимон
– целер (по желба)

Начин на подготовка: Изблендирајте ги сите состојки и веднаш испијте го сокот.

Коронавирус