четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Храна и пијалаци

СОВРШЕНА ВЕЧЕРА ЗА СЕЧИЈ ВКУС! Уживајте во овој ориз со спанаќ и пармезан! (РЕЦЕПТ)

СОВРШЕНА ВЕЧЕРА ЗА СЕЧИЈ ВКУС! Уживајте во овој ориз со спанаќ и пармезан! (РЕЦЕПТ)

Доколку сте љубители на оризот, сигурни сме дека ќе ви се допадне во оваа комбинација со спанаќ и пармезан.

СОСТОЈКИ:

главица кромид
чешне лук
200 гр ориз
700 мл бистра супа од зеленчук
200 гр спанаќ
100 гр пармезан
маслиново масло
парче путер
сол, бибер, зачини

ПОДГОТОВКА:

Во голема тава загрејте го маслото, а потоа кратко пропржете го ситно сечканиот кромид. Додадете сецкан лук, промешајте уште една минута, па додадете го оризот. Пржете со постојано мешање две минути, а потоа истурете ја супата да се натопи оризот. Гответе, мешајќи, додека течноста не испари, а потоа додадете уште малку супа. Постапката повторете ја додека оризот не омекне. Потоа додадете спанаќ, сол, бибер и зачинете по вкус, па измешајте парче путер и пармезан. Соединете и послужете веднаш.

Коронавирус