понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 103
home Храна и пијалаци

СОВРШЕН ЛЕТЕН РУЧЕК: Ова се највкусните бургери од тиквички кои некогаш сте ги пробале!

СОВРШЕН ЛЕТЕН РУЧЕК: Ова се највкусните бургери од тиквички кои некогаш сте ги пробале!

Состојки:

тиквички 5 парчиња
крем сирење 500 гр
јајце 1
презла 1 чаша
брашно 1 чаша
прстофат бибер
прстофат оригано
прстофат босилек
сноп магдонос
главица кромид 1

Како да се подготви:

Изрендајте тиквички и исцедете ги добро. Додадете крем сирење, јајце, бибер, оригано, сол, презла, брашно, магдонос, кромид и малку мелен босилек. Добро измешајте ја смесата, па направете хамбургери. Извалкајте ги во брашно, па во лебни трошки и пржете на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Послужете со кисела павлака и сезонска салата.

Локални избори 2021