петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 106
home Храна и пијалаци

Совршен чоколаден десерт готов за 10 минути

Совршен чоколаден десерт готов за 10 минути

Кога ви се јаде нешто благо, а немате многу време за подготвување, чоколадниот мус е совршениот десерт.

Потребни состојки:

  • 300 г квалитетно чоколадо
  • 3 јајца
  • 50 г шеќер
  • 1 лажица какао
  • 300 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото стопете го во микробранова, а слатката павлака изматете ја така за да добиете цврст шлаг.
  2. Изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете многу светла нијанса, па додадете го какаото, а потоа и стопеното чоколадо.
  3. Сè добро изматете, па помешајте ја чоколадната смеса со шлагот.
  4. Сервирајте ја добиената чоколадна пена во чаши и по желба украсете ја со шлаг и рендано чоколадо.

Коронавирус